Почетокот на на 2020 година е прав момент да одлучите да смените нешто кај себе ако не сте задоволни од својот изглед. Ако сакате да намалите некој килограм ние најдовме калкулатор со кој ќе можете да видите колку калории дневно треба да внесувате во организмот и како да се храните.
Калкулаторот ќе ви го открие индексот на телесна маса, кој е еден од првите индикатори на телесното здравје. Сепак, вие може да имате некој килограм вишок, но масти процентуално да имате под просек и да бидете во совршена форма.
За да добиете податоци, треба да го внесете полот, годините, телесната тежина и колку сте физички активни, а калкулаторот ќе пресмета колку јаглехидрати, протеини, витамини, минерали треба да внесувате во организмот секој ден.
Исто така, ќе добиете податок и колку калории трошите дневно, а како можете да ја смените вашата исхрана.
А калкулаторот го имате на линкот ТУКА.