Доколку чувствувате хроничен замор, многу веројатно е дека ќе треба да ја промените исхраната.
1) Заменете ги рафинираните јаглехидрати
За разлика од сложените јаглехидрати, рафинираните поминуваат низ милиони процеси кои им ги уништуваат хранливите состојки, а како резултат на тоа разните тестенини од бело брашно (лебови, паста и сл.) се движат низ дигестивниот систем побргу, што предизвикува нагло накачување и спуштање на нивото на шеќерот во крвта. За оние кои го имаат синдромот на хроничниот замор, тоа значи дека ќе се чувствуваат тотално исцрпено.
За да го одржувате нивото на шеќерот во крвта како и да имате повеќе енергија, внесувајте сложени јаглехидрати како леб од цела пченица, јачмен, овес, просо, киноа и интегрален ориз. Сите тие се богати со влакна и ќе се варат побавно, што ќе ги одржува нивоата на шеќер во крвта и енергијата стабилни.
2) Внесувајте здрави маснотии
Како и повеќето хронични болести, хроничниот замор е поврзан со зголемено ниво на воспалувања. Транс мастите се познати по тоа што ги влошуваат воспалувањата, додека здравите маснотии помагаат во нивно намалување.
Извори на здрави незаситени маснотии, меѓу другите, се и оревите и разни путери од слични плодови (како путерот од кикирики), маслиновото масло, авокадото и лососот. Од друга страна пак, извори на транс мастите се пржената храна, купечките пити, како и пуканките за во микробранова печка.
3) Јадете храна богата со Б витамините
Особено онаа богата со Б12 (како живината, јајцата и рибите) и фолати (брокула, цитрусните овошја и лиснатите зеленчуци). Овие витамини играат важна улога во помагање на митохондријата – делот од клетката задолжен за создавање енергија – да функционира правилно.
Треба да се внимава на фактот дека некои луѓе имаат недостаток од ензими потребни за апсорбирање на Б витамините од храната, а тоа може да се провери со едноставна анализа на крвта. Доколку тоа е случајот, докторот може да препише примање на регуларни Б12 инјекции, покрај храната.
4) Намалетот го внесот на кофеин
Во помали дози, кофеинот е добар, но како и рафинираните јаглехидрати, преголемата количина на кофеин предизвикува нагло накачување и спуштање на нивото на енергија. Ова исто така влијае и на адреналинските жлезди, што како резултат ве прави уште поуморни и раздразливи.
Препорачаната количина на кофеин дневно е околу 400 милиграми или помалку, но таа бројка варира од човек до човек а особено кај оние со синдромот на хроничен замор, бидејќи некои луѓе се почувствителни на кофеинот од другите.
5) Бидете постојано хидрирани
Дури и мал степен на дехидрација ве прави да се чувстувате уморно и замаено. Без адекватна хидрација, токсините не можат правилно да се ослободат низ потните жлезди, а крвта пак не може да се движи ефикасно да ги испорача белите крвни клетки (кои се борат против болести) таму каде што се најмногу потребни.
Во зависност од фактори како староста, големината, климата и нивото на активност, внесот на вода може да биде поголем или помал од стандардната препорака за 8 чашки дневно. Наместо да ги броите чашките, само забележете каква боја ви е урината – доколку е темно жолта, тоа е знак дека треба да пиете повеќе вода. Доколку е светло жолта или скоро проѕирна, тоа значи дека сте на добар пат во поглед на хидратацијата.