Прашањето за опциите за безбедни производи за женска хигиена ретко се дискутира, но оваа тема е од суштинско значење за една третина од населението.
Зошто? Вашата кожа е најголемиот и најтенкиот орган на вашето тело. Помалку од 1/20 сантиметар го одделува вашето тело од потенцијални токсини. Уште полошо, вашата кожа е многу пропустлива – особено кожата во и околу вагиналната област.
Во продолжение обрнете внимание на производите кои можат да го загрозат вашето здравје:
1. Тампони со „silk touch“ површина
Често ги користиме овие тампони бидејќи многу лесно се отстрануваат. Меѓутоа, таканаречената свилена површина, нема никаква врска со свила – тоа е вештачка ткаенина што го прави тампонот да апсорбира многу повеќе. Можеби ова е причината зошто тампоните ги поврзуваат со токсичен шок. Главниот причинител за токсичниот шок е предолгото задржување на тампонот во вагината. Во најлош случај може да дојде до откажување на некои органи.
2. Памучни влошки
Памучните влошки наводно овозможуваат дополнителна удобност при носење. Но, дали некој се запрашал што се крие зад тој „памук“? Тоа не е органски памук, туку памук третиран со разни пестициди и глифосат.
3. Миризливи влошки
Кога ќе се измеша пот, крв и вештачки материјал, доаѓа до непријатна миризба, позната како „менструална миризба“ која со задоволство би ја избегнале. Поради тоа, поголемиот дел од производителите нудат влошки со „свеж мирис“. Разни истражувања покажале дека хемиско добиените мириси можат да предизвикаат алергиски реакции. Се препорачува влошките да се менуваат често за да се избегне непријатната миризба – што е многу подобро од миризливите влошки.