Нутриционистите препорачуваат пред пролетта, еден оброк да се замени со лесна и хранлива салата.
За избалансирана салата, која содржи витамини, минерали и протеини, изберете марула, грав, авокадо и пиперка.
Две шолји грав сварете ги во посолена вода и исцедете. Додајте ги во исецканата зелена салата (половина главица), исечете ја црвената пиперка и авокадото и додајте ги.
За прелив, измешајте во мал сад маслиново масло, истолчено чешне лук, сок од половина лимон, малку рендан ѓумбир (или во прав), хималајска сол по вкус и куркума во прав. Прелијте и измешајте. Врз измешаната салата посипете тостиран сусам.