Во случај на дијареа предизвикана од бактерии и вируси на прво место треба да се обрне внимание на исхраната која треба да содржи намирници кои не се од млечна природа и да се зголеми внесот на течности.
Немасните бистри супи, двопекот, оризот, компирот и бананите се одличен избор.
Многу е корисно да се пие оризова вода, односно водата во која што е варен оризот без никакви дополнителни зачини или масти.
Црното чоколадо е исто така познат лек против пролив. Но немојте да претерувате, доволно е почесто во текот на денот да изедете по две коцки.
Ренданото јаболко е исто така корисно во ваков случај бидејќи е богата со пектин-вид на билен желатин. Најдобар избор во случај на дијареа се киселите јаболки. Пред консумација подобро е јаболката да отстојат околу два часа и да потемнат. Така ќе бидат поефикасни.
Чаеви кои се препорачуваат во случај на акутен пролив се чајот од лист од дуња, лист од капини и чајот од шипка. Особено во летните месеци, кога проливот е причинет од бактерија добредојден е чајот од ѓумбир кој има антибактериски својства.