Природен топол напиток кој го лекува болното грло за 4 часа

Овој народен и многу ефикасен рецепт за лекување воспаление на грло и крајници кој гарантира брзо заздравување во полесните случаи за само 4 часа.

80 грама сомелени семки од ким прелијте ги со 200 милилитри вода, па варете ги 15 минути. Ќе добиете густа, растеглива смеса која личи на талог од кафе. Исцедете ја и додајте 50 милилитри вода, па повторно зовријте ја. Тргнете ја од рингла и додајте 1 лажица коњак или вињак. Вашиот лек е готов!

Како да ја консумирате напивката:
Пијте по 1 лажичка на секои 30 минути. Веќе по два часа, болката во грлото полека ќе исчезне, а и полесно ќе можете да голтате. После 4 часа може да завршите со третманот.

Може да го пиете и подолго, во потешки случаи. Оваа напивка им се препорачува на сите кои се подложни на настинки и често имаат воспалено грло и крајници.

вопдагрлокимнапитокчај