Повеќето жени мака мачат со влакненцата над горната усна. Жените на блискиот исток со векови ја користат оваа смеса, а веќе некое време е популарна и во Америка. Нејзиниот состав е потполно природен а покрај тоа што ги отстранува влакненцата делува и смирувачки.
Ако ви се смачил восокот или лентите за депилација или пак некои хемиски препарати, време е да го пробате овој метод на отстранување на влакненцата со помош на маска од мед, каша од овес и лимон.
Предноста на оваа смеса е што бргу се подготвува а лицето нема да ве пече бидејќи не содржи никкави хемикалии. Протполно природно и безболно, а најдобро од се е што е навистина делотворна.
Потребни состојки за смесата се:
2 лажици мед
1 лажица овесна каша
2 лажици сок од лимон
Подготовка: сите наведени состојки убаво измешајте ги да добиете хомогена смеса и втријте на местата на лицето од каде што сакате да ги отстраните влакната. Втривајте нежно со кружни движења. Смесата потоа оставете ја да стои 15. минути. Потоа измијте со топла вода.
Потоа нанесете хидратантен крем за да кожата остане негувана. Постапката повторувајте ја 2 до 3 пати седмично доколку сакате оптимални резултати. Во рок од еден месец влакненцата би требало потполно да исчезнат.