Природен лек кој би требало да го јадеме секој ден

Топи килограми, лекува мамурлак

Единствениот коктел на состојки од природата штити од болест и го продолжува животот, а често е виден како гостин во исхраната на спортистите или оние кои внимаваат на тенката линија …

Ако се одржува а вистински начин, медот има неограничен рок на траење. Најстар мед за јадење бил постар од три илјади години, пронајден во гробницата на Тутанкамон. Иако нема да се расипе, по некое време ги губи лековитите својства. Затоа, пчеларите предупредуваат:”Медот нема живот, но потрошете го за две години”.

Медот е природен лек кој се користи од дамнешни времиња низ светот за да се ублажи тешкотијата и болката од болест, служи како храна и засладувач; и интересно е дека ниту еден од нив нема сосема еднаков состав. Во зависност од крајот и сезоната, како и изворот на слатки сокови, варираат минералите,витамини, флавоноиди, протеини …

Уникатниот природен коктел може да содржи повеќе од 180 различни супстанции кои штитат од грип и настинки, го подигнуваат имунитетот, помогнува во третманот на изгореници, болести на нервниот систем,очите, респираторните и дигестивните органи и анемијата. Бидејќи медот содржи антиоксиданси за спречување на згрутчување на крвта, се намалува ризикот од срцев удар и мозочни удари.Според истражувањето, луѓето кои секој ден земаат по една голема лажичка мед живеат подолго.

Ги јакне имунитетот и издржливоста

Медот брзо и лесно се вари и ја дава потребната енергија, поради што е омилена храна и изворот на енергија на спортистите. Покрај тоа, за разлика од шеќерот, исто така, содржи протеини кои градат мускули. Античките атлети со мед и суви смокви обезбедувале енергија за долги трки, а денес тоа го користат тркачите и велосипедистите на трките. Освен како погонско гориво за напорни тренинзи, го забрзува закрепнувањето и го спречува ризикот од воспаление и го гради имунитетот.

Во допир со неквалитетен метал медот губи на квалитет па затоа се користи дрвена лажица.

Сојузник за слабеење

Медот е мешавина од фруктоза и гликоза, а послатдок е од шеќер, а кога станува збор за калории – има иста количина како шеќер. Но, повисок процент на фруктоза од шеќер резултатира со низок гликемичен индекс, што значи дека шеќерот во крвта се зголемува побавно. Затоа што се намалува желбата за слатки и брза храна, а ако се употребува умерено, помага во отстранување на килограми. Покрај тоа, тој исто така има смирувачки ефект, па затоа е полесно да се справиме со периодот без вашата омилена храна.

Го крева расположението

Ако сте без воља и лошо спиете, медот исто така може да помогне. Топло млеко со лажица мед е проверена формула. Калциумот и протеините од млекото на телото имаат смирувачки ефект. Калциумот придонесува за релаксација на мускулатурата и нервите. Кој во оваа комбинација ќе додаде бадеми и цимет, ќе го стимулираат производството на мелатонин, хормон за спиење.

Помогнува при киселини (горушица)
Во комбинација со ленено семе и суви сливи, го стимулира варењето а ќе ја забрза и
едноставен пијалок со млака вода. Измешајте лажичка мед со млака вода и пијте го
на гладно. Таквиот „коктел” ги смирува стомачните проблеми (во желудникот) и помага да се отстранат токсините од телото.
Ако страдате од киселини, пијте го пијалокот два часа пред јадење.

Смирува мамурлак

Ако сте премногу сте испиле и се будите мамурни, сетете се на медот кој благодарение на фруктозата помага да се согори она што сте го испиле. Комбинирајте го со ѓумбир што го смирувастомакот и ги олеснува мачнините, како и бананите, кои го снабдуваат организмот со калиум и магнезиум,минерали кои недостасуваат кога сме претерале со пиењето.

килограмилекмамурлакприроден