Маж од Велика Британија зел десет пати повеќе од пропишаната количина на „силденафил“, активна состојка на вијаграта, а како последица на тоа завршил со „дупки“ во видот и зголемена чуствителност на светло, пишува „Дејли Мејл“.
Најверојатно од незнаење, мажот испил цело шишенце апчиња за потенција, а нуспојавите кои следеле биде многу непиријатни.
Откако забележал дека чуствителноста на светло му се зголемила, не можел да гледа кога светлото било намалено и забележал кружни облици во видното поле, лекарите утврдиле дека навистина дошло до оштетување на очите. За жал, кога еднаш ќе дојде до оштетување на очната мрежа, штетата не може да се исправи т.е. да се лечи.
Што се случило понатаму со анонимниот маж не е познато бидејќи никогаш повторно не се појавил на дополнителни прегледи.