Луѓето кои се пониски од просекот се повеќе склони кон параноја, со чувство на инфериорност и недостаток на доверба, покажало истражувањето на универзитетот во Оксфорд, објавено Psychiatry Research.
“Висината обично е поврзана со поголем успех во кариерата и меѓусебните односи. Висината се поврзува со авторитетот, односно, кога сме повисоки сме помоќни, вели Даниел Фримен, кој го предводеше истражувањето.
Во експериментот биле вклучени 60 возрасни жени кои биле подложни на виртуелно возење во подземна железница. Во првото возење биле со нормална висина, додека, пак, во второто биле за 25 сантиметри пониски од останатите патници во возот.
Иако поголемиот дел од испитаниците не биле свесни за промените, поголем број од нив покажале негативни чувства за време на второто возење. “Сето тоа се случи во виртуелна реалност, но од тоа можат да се направат и заклучоци во реалниот живот”, вели Фримен.