Пред КАРИЛ и Токсикологија ќе стојат војници од одбраната – Филипче ќе ја зголемува безбедноста на скопските клиники!

Полицајци или војници ќе се грижат за безбедноста на здравствените работници и пациентите во ургентните центри.  Министерот за здравство најави дека за неколку денови ќе се знае дали пред влезот на КАРИЛ, ургентен, детска, хематологија и Токсикологија ќе стојат припадници од одбрана или, пак, од МВР. Филипче покрај помошта што ја побара од министерот Спасовски уште минатата недела по инцидентот на Клиниката за анестезија и реанимација, разговарал и со Радмила Шеќеринска.

-По нападот врз медицинската сестрна од КАРИЛ минатата недела и пукањето со огнено оружје врз хирургот од дигестивна пред три години, според здравствените власти сегашното обезбедување е недоволно да ги заштити медицинските лица пациентите на скопските клиники.

Филипче сака да најдат лица кои се плаќаат од буџетот, бидејќи проценките им покажале дека ангажирањето на агенција за обезбедување ќе ги чини прескапо. Алармот го вклучи насилството врз сестрата од КАРИЛ, која била нападната од член на семејство на починат пациент.

-Ние секогаш сме први на удар, а кај нас доаѓаат најтешко болните, изјави минатата недела Маја Мојсова, раководител на КАРИЛ

Освен за скопските клиники, здравствените власти планираат 24 часовно обезбедување и за болници кои примаат итни и ургентни пациенти.

безбедноствојницикарилполицијатоксикологија