Останувањето дома е најдобрата превенција, но секако треба и еднаш да се излезе за да се испазари. Па, како тоа излегување да не ви го зголеми ризикот од заболување?
Важно е да се држите до неколку клучни правила при напуштање на домот и враќање во него.
Постапки при излегување од дома:
– Кога излегувате од дома, облечете јакна или било што со долги ракави.
– Соберете ја косата во пунџа.
– Не носете накит.
– Ако сте решиле да ставите маска, ставете ја непосредно пред излегување.
– Избегнувајте користење на јавен превоз, доколку е можно.
– Ако излегувате со миленикот, не му дозволувајте да се допира до непотребни површини надвор од домот.
– Понесете марамчиња за дезинфекција и користете ги по секој допир со површина
– Марамчињата фрлајте ги во отворени корпи за отпадоци.
– Ако кашлате или кивате, направете го тоа во лактот, а не во воздухот или во рака.
– Ако плаќате со пари, дезинфицирајте ги рацете веднаш потоа.
– Не го допирајте лицето пред темелно да ги измиете рацете.
– Одржувајте оддалеченост од други луѓе минимум 2 метра.
Постапки при влегување дома:
– Кога ќе се вратите дома, не допирајте апсолутно ништо.
– Соблечете ги чевлите на влезот и не шетајте дома со нив.
– Дезинфицирајте ги шепите на миленикот уште додека сте надвор од дома.
– Соблечете ги горните слоеви на облека и ставете ги во кеса или на тераса.
– Паричникот, клучевите и чантата оставете ги во кутија на самиот влез во домот.
– Добро измијте ги рацете, лицето, а доколку имате можност и истуширајте се со врела вода.
– Дезинфицирајте го мобилниот и очилата, доколку ги носите, клучеви, паричник и слично.
– Исчистете ги работите кои сте ги донеле од надвор (храна во амбалажа или лекови.)
– Внимателно отстранете ги ракавиците доколку ги носите и повторно измијте ги рацете.
– Имајте на ум дека комплетната дезинфекција е невозможна, но направете сѐ што е во ваша моќ да го намалите ризикот.
извор: crnobelo.mk