Познат идентитетот на убиените деца во училиштето во Белград

Oсум деца и еден чувар се убиени во пукањето што се случи утринава во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар, а ранети се шест деца и еден наставник кои во моментов се згрижени во Ургентниот центар во Тиршова.

Убиени се А.Б., Б.А., С.Н., нивните тела се пронајдени во училишниот хол, заедно со телото на обезбедувачот Драган Влаховиќ.

Во училницата на приземјето, клас 7/2, чиј ученик е осомничениот се убиени А.Д., К.М., М.А., Е.К и А.Ч.

Од ОУ „Владислав Рибникар“ во Ургентниот центар се донесени четири лица. А.Б има повреда на коленото. Х.К. има повреда на раката и стомакот. Татјана Стевановиќ, наставник по историја, (1970) има повреда на стомакот. Во Ургентниот центар е примено и машко дете чиј живот е во опасност, застрелано е во вратот.

Во Тиршов биле донесени три деца. В.М има прострелни рани во рацете и нозете. Ј.Д.(2010) има повреда на бутот. На оваа детска клиника е примено уште едно дете кое има повреда на главата и е во животна опасност.