Американски научници сугерираат дека внесувањето шеќер во организмот поттикнува депресија, но се уште не ја утврдиле природата на воспоставената врска.
Новите наоди на експертите од Универзитетот Колумбија во Њујорк се засноваат врз податоци собрани од околу 70 илјади жени кои го поминале периодот на менопауза.
Податоците покажале дека испитаничките кои конзумираат зголемена доза шеќер имаат поголем ризик за депресија, додека внесувањето на млечни производи, овошје и зеленчук било поврзано со помал ризик за ова психичко нарушување.
Експертите веруваат дека шеќерот може да поттикне повеќе хормонски реакции и да доведе до воспалителни процеси кои исто така се поврзани со депресија.