Повеќе секс за повеќе пари!

Активниот сексуален живот ги прави луѓето посреќни, поздрави … и побогати, вели професорот Ник Дридакис од Универзитетот во Кембриџ.

Тој направил истражување на германскиот Институт за проучување на труд во Бон и открил дека луѓето кои имаат секс четири пати неделно заработуваат повеќе пари отколку нивните колеги кои не биле толку среќн.

Според старата психолошка теорија, луѓето треба да ги задоволат своите основни потреби како што се храна, вода и секс пред да се обидат да станат успешни во животот. Луѓето имаат потреба да бидат сакани Немајќи љубов, многу стануваат се повеќе склони кон депресија, анксиозност и социјална изолација, штоможе да влијае на нивната работа, вели Дридакис.
Тој ги истражувал податоците за 7500 луѓе во Грција на возраст од 26-50 години. Тие одговарале на прашања за нивното здравје, сексуален живот и заработувачка. резултатот бил дека оние кои имале секс четири или повеќе пати неделно имале просечно за пет отсто повисока плата. Овој тренд не се променил дури и кога од истражувањето биле исклучени други фактори како што се образование и работа.

Дридакис нагласува дека активниот сексуален живот го намалува ризикот од дијабетес, срцеви заболувања и артритис.

богатиистражувањекреативностпарисекссреќа