Потенцијален тест на крв за откривање на аутизам?!

Научниците откриле поврзаност помеѓу аутизмот и протеините во крвта, што овозможува да се создаде нов тест кој ова пореметување би го дијагностицирал подобро отколку порано.

Воден од др. Наила Рабани од универзитетот од Ворвик, тимот истражувачи направиле тест кој го бара оштетувањето на протеините во крвта преку крвта или урината.

Во студијата направена во партнерство со уште неколку институции, селектирани биле 38 деца (29 машки и 9 женски) вeќе дијагностицирани со ASD (пореметување од аутистичниот спектар), како и контролна група од 31 здрави деца (23 машки и 8 женски), на возраст помеѓу 5 и 12 години.

Тимот земал примероци од крв и урина и откриле дека постоеле хемиски разлики помеѓу двете групи, поточно, кај оние со ASD биле откриени поголеми нивоа на оксидацискиот маркер наречен дитриозин и одредени состојки на модифицирани шеќери.

Користејќи алгоритам за да ги анализираат податоците, тимот изјавил дека резултатите со точност од 90% биле подобри од оние добиени со било која друга метода која е моментално на располагање за детектирање на ASD.

Ќе биде потребно понатамошно тестирање со уште поголеми групи за да се потврди она што е откриено во оваа студија и ако тоа се случи на истражувачите ќе имаат многу подобра почетна точка со рано откривање на некое од пореметувањата, и следење на нивниот развој кај индивидуите, како и тестирање на разни третмани.

анализааутизамкрвпопуларно