Поради загадувањето неделно по најмалку тројца пациенти завршуваат на апарати за дишење на Пулмологија!

Секоја недела по најмалку тројца пациенти завршуваат на апарати за дишење на Пулмологија. Поради загадувањето неможат да земат воздух. Овој период во амбулантите лекарите дневно прегледуваат и по 70 граѓани со здравствени проблеми. Постојано се исполнети и 50-те болнички кревети на Клиниката, вештачки кислород добиваат половината од хоспитализираните пациенти.
-Тоа се тешки пациенти со ХОББ кои се во терминална фаза и кај некои од нив состојбата се влошува од инфекции, од аерозагадувањето или од пушењето и некои од нив мора да бидат приклучени на кислород, изјави проф. д-р Дејан Докиќ, директор на Клиниката за алергологија.
Исто така последните години на Пулмологија речиси двојно е зголемен бројот на пациенти со алергии. Речиси секој трет граѓанин во земјава има вакви симптоми.
-Алергиите од домашна прашина и целогодишните алергии се асоцирани со аерозагадувањето. Аерозагадувањето ги влошува симптомите на алергиските манифестации и иммае поголем број на пациенти, додаде проф. Докиќ.
За лекарите полесно да ги препознаат алергиите и како соодветно да ги третираат пациентите професорот Докиќ заедно со соработниците за прв пат во Македеонија објавија учебник за Алерголологија.

апаративоздухзагадувањеклиникапациентипулмологија