Поради која причина луѓето зборуваат во сон?

Зборувањето во сон е едно од нарушувањата на спиењето во кои спаѓаат и месечарството и ноќните кошмари.

– Според моето искуство, зборувањето во сон може да се поврзе со претерана стимулација на нервниот систем, што може да биде последица на претерана употреба на „паметни уреди“ пред спиење, како и претерано внесување кофеин, вели Нерина Рамлакан, доктор терапевт за сон од Велика Британија.

Меѓутоа, таа додава дека таквото однесување се јавува кај луѓе кои се перфекционисти, но често избегнуваат да кажат што мислат. Кога одат на спиење, зборовите ги потиснуваат во сонот.

Идејата да можете да откриете некои тајни за време на сонот звучи примамливо. Постои и апликација која забележува нечие зборување во сон. Се поставува прашањето дали некој може да признае убиство во сон или да каже дали има љубовник?

Професорот Џим Хорн, поранешен директор на Центарот за истражување на спиењето од Универзитетот Лубору, појаснува дека зборувањето во сон се јавува за време на „лесен“ сон.

– Од лесен сон тонете во длабок по 70-90 минути во период на сонување, кој се повторува на секои 90 минути. Зборувањето во сон не е поврзано со сонувањето, туку со лесниот сон во кој сите шетаат и талкаат. Тоа навистина го вознемирува збунетиот ум, вели Хорн.

Зборувањето во сон често се јавува кај децата, а голем број луѓе го надминуваат, иако има наследен фактор.

децазборувањезпиењелуѓепцуењесон