Попладневна дремка: Како 15 минути сон го регенерира телото?

Попладневните дремки можат да бидат корисни за мозокот. Ова го потврдува и скромната причинско-последична врска помеѓу вообичаеното дремење и поголем вкупен волумен на мозокот.

Опоравувачката попладневна дремка може да биде спас кога сме преморени и се чувствуваме како да нема доволно часови во денот за сè што треба да правиме.

Брзиот начин на живот без дилема си го зема својот данок, а кога ќе се поклопи со неколку ноќи со малку или без сон, се чувствуваме преморени и особено тогаш не сме во состојба да ги исполниме обврските или да правиме сѐ што сакаме.

Одговорот на тој проблем би можел да се скрие во опоравувачката попладневна дремка од 15 минути, или т.н. power nap.

Еден од начините на кои дремењето помага е тоа што ни овозможува да го достигнеме очајно потребниот сон, но влијае и на нашата меморија. Најдоброто нешто е што нема да ни го наруши ноќниот сон. Затоа стравот дека нема да спиеме навечер ако сега украдеме 15 минути сон не е оправдан.

Со кратка дремка, според д-р Сера Медник, експерт за спиење и авторка на книгата „Take a Nap! Change Your Life“, го ресетираме нашиот систем и влијаеме на подобрените перформанси на моториката.

Должината на дремката, која не треба да биде пократка од 15 минути, го зајакнува и нашиот мозок. Кога спиеме подолго од тоа, според споменатата докторка, се зајакнува нашата меморија и креативноста. Дремката од 30 до 60 минути е добра за вештини за донесување одлуки, меморирање на вокабуларот или потсетување на насоки. Брзото движење на очите или РЕМ спиењето во 60 до 90 минути дремка игра клучна улога во создавањето нови врски во мозокот и решавањето на креативните проблеми.