Мерните станици низ целата држава синоќа регистрирале високи концентрации на токсичните ПМ10 честици кои надминуваат вредности пет пати над дозволеното. Според објавените податоци најзагадено било во населбата „11-ти октомври“ каде вреднста на концетранциите изнесувала 273 ПМ10 честици на метар кубен. Во Бутел мерната станица измерила 169 ПМ10, кај Ректорат 163 ПМ10, а во Карпош 167 ПМ10.
Помалку загадено е во Центар и Миладиновци со по 140 ПМ10.
Најзагадените населби во Скопје, Гази Баба, Аеродром и Ново Лисиче, се уште немаат податоци за загаденоста, бидејќи нивните мерни станици и понатаму се во дефект. Мерната станица на волонтерската мрежа Skopje Pulse покажала 175 ПМ10 во Бисер.
По Скопје најзагаден град во државата е Куманово каде синоќа во 21.00 часот биле регистрирани 277 ПМ10 честици на метар кубен. Во Битола биле измерени 216, во Кавадарци 175, Кичево 122 и во Тетово 105 ПМ10.