Погледнете си ги ноктите и ако забележите еден од овие знаци, проверете за што се работи, на време.
Жолтеникави нокти или „здебелени“ нокти
Ноктите кои се пожолтени или задебелени може да укажуваат на габична инфекција. Габичните инфекции бараат подолг третман, па најдобро е да посетите доктор за да ви даде соодветна терапија.
Темни линии
Темните линии обично се видливи со „голо око“ и се појавуваат на средината на ноктот. Можат да сигнализираат сериозни болести, па ако ги забележите не одложувајте итен преглед на доктор.
Бледи нокти
Нагласено бледило на вашите нокти е знак на анемија, но може да биде и знак на дијабетес па дури и знак за проблеми со црниот дроб.
Мали пукнатини, бразди
Мали пукнатини или бразди на ноктите се поврзани со псоријаза.
Кршливи нокти
Ноктите може да се скршат, и тоа е познато, но ако вашите нокти се кршливи прилично лесно, ова би можело да е знак за проблеми со тироидната жлезда.
Помодрени нокти
Исто како што и вашето лице може да стане модро кога не земате доволно здив, посинетите нокти се знак за недостаток на кислород. Ова секако е најава на проблем со респираторниот систем или проблем со срцето.
Бели линии
Хоризонталните бели линии на ноктите се често индикатор на болести на бубрезите, недостаток на хранливи состојки како протеини, и на проблеми со црниот дроб.
Искривени нокти
Ноктите кои се искривуваат навнатре покажуваат недостаток на железо, додека лажица- облик на ноктите може да биде знак на лупус.
Суви кожички
Сувите кожички околу ноктот се очигледни, но бидејќи не ретко се појавуваат, треба да им се посвети внимание – од што се појавуваат. Ако правилно се грижите за вашите раце (мачкајќи со крем), тогаш сувите кожички се знак за дехидрираност на кожата. Пијте повеќе вода.