Подобри и од лековите за болка, јадете цреши и оставете ги апчињата!

За виенскиот професор Хадемар Банкхофер црешите се „природен лек од дрвото” – бидејќи помагаат против ревматизам. Списокот на супстанци кои ги содржат црешите е навистина долг.

Црешите се богат извор на антицијаниди, кои можат да помогнат да се намали болката или отокот од хронични болести, како и болести на зглобовите и артритис. Ако имате болка од артритис обидете се да јадете цреши наместо да земате апчиња за болки.

Благодарение на високото ниво на растителни влакна, го подобруваат дигестивниот систем и го намалуваат холестеролот. Еден од најголемите придонеси од црешите се нивните анти – воспалителни својства. Ова е одлично за оние кои трчаат и атлетичарите, кои имаат болки после тренинг, како и оние кои се болни од артритис. Ако ги имате овие болки, пијте сок од цреша неколку пати во денот.

артритислековипопуларносистемцреши