Во истражувањето објавено во американското медицинско списание „New England journal of medicine“ се наведува дека здравата исхрана во текот на најмалку 12 години, ја намалува несомнено смртноста од кардиоваскуларни болести. Научниците од Универзитетот Харвард го анализираат односот меѓу промената во исхраната на 74.000 возрасни во текот на 12 години и ризикот за нив да починат од кардиоваскуларни заболувања.
Истражувањето покажува дека подобрување на исхраната во текот на 12 години ја намалува смртноста во наредните 12 години.
Меѓу храната, која влијае плодно на здравјето и кои биле вклучени во здравиот режим на исхрана се храни од цели зрна, овошје, зеленчук и риба или омега-3 масни киселини.
Подобрување со 20% на квалитетот на исхраната може да се постигне лесно само со замена на секојдневната порција црвено месо или колбаси со овошје или зеленчук. Влошувањето на квалитетот на секојдневно консумираната храна го зголемува со 6 до 12% ризикот од прерана смрт.
Кај учесниците во истражувањето, кои продолжиле да поддржуваат здрав режим на исхрана, се истакнува меѓу 9 и 14% намалување на смртноста по секакви причини.