Починаа повеќе од 200. 000 луѓе во светот а над три милиони заразени со КОВИД – 19

Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени вкупно 3.003.229 лица. Од нив починале 207.094, а оздравеле 882.552 луѓе.

Во Кина во последните 24 часа потврдени се три нови случаи на Ковид-19 , што е за 11 помалку во споредба со вчера, а не е пријавени ниту еден смртен случај. Во Кина досега евидентирани се вкупно 82.830 луѓе заразени со новиот коронавирус, од кои починаа 4.633 лица.

Во Германија потврдени се 1.018 новозаразени лица со Ковид-19, со што бројот на инфицирани луѓе се искачи на 155.193. Додека вкупниот број на починати е зголемен за 110 и изнесува 5.750 луѓе.

Швајцарија најави ублажување на мерките воведени поради пандемијата со Ковид-19 во три фази, денеска се отвораат фризерските и козметичките салони, цвеќарите, приватните лекарски и физотерапевтски ординации. Во втората фаза што почнува на 11 мај ќе бидат отворени продавниците и училиштата, а од 8 јуни ќе бидат отворени музеите, зоолошките градини, библиотеките и универзитетите. Во земајта со Ковид-19 се заразиле 29,061, од кои 1,610 починале, а оздравеле 21,800.Jапонија забрани влез на патници од уште 14 земји, меѓу кои Русија, Саудиска Арабија и Обединети Арапски Емирати, со цел да го спречи ширењето на новиот коронавирус.

извор: telma.com.mk

коронавируссвет