Со затоплувањето на времето по најмалку 5 пациенти дневно поради убод од инсекти бараат помош на Клиниката за кожни болести. Според дерматолозите од година в година се зголемува бројот на лица кои имаат алергиски реакции после каснувањето од пчела, оса или стршлен. Чести се случаите граѓани по убодот во многу лоша состојба да бараат спас на Клиниката.
-Имаме и пациенти со таканаречен анафилактичен шок, состојба која бара ургентен третман, изјави д-р Наташа Јаковлевиќ, од Клиниката за дерматовенерологија.
Доктор Јаковлевиќ советува, граѓаните соодветно да се заштитат кога излегуваат во природа и да не ги привлекуваат инсектите со јадење овошје на отворено.
-Да не носат кратки ракави и бои кои имитираат цветови и да не привлекуваат инсекти со јадење блага храна и овошје на отворено, доддае д-р Јаковлевиќ.
За време на годишните одмори да не дојде до сериозно влошување на здравјето после убодот од инсекти дерматолозите советуваат граѓаните кои знаат дека се алергични кога одат во природа или на летување задолжително да носат соодветна терапија за прва помош.