По мозочниот удар бил врзан за инвалидска количка – Проодел по инјектирање на матични клетки!

Истражувачи од универзитетот Стенфорд имале исклучително позитивни резултати од терапијата со инјектирање на матични клетки директно во мозоците на пациенти кои преживеале мозочен удар.

Осумнаесет пациенти кои биле во шестиот месец од опоравувањето, во таканаречената „плато фаза“- биле одбрани за оваа студија. Тие имале потешкотии во движењето на рацете и нозете, па како такви веќе не биле подложни на терапија бидејќи нивните мозочни кола се верувало дека се оштетени без шанса за поправање.

Хирурзи направиле дупки на неколку локации на черепот на пациентите, низ кои биле инјектирани матични клетки. Процедурата налагала тие да бидат оперирани додека се свесни, а биле пуштени дома истиот ден по операцијата.

По процедурата, пациентите искусиле несакани ефекти како главоболки, гадење и повраќање, а тестовите кои ги мереле говорот, видот и моторните способности биле вршени на 1, 6 и 12 месеци по операцијата.

Седум од 18 пациенти покажале одлични подобрувања, а еден 71 годишен кој претходно бил врзан за инвалидска количка, проодел.

И покрај позитивните резултати, потребно е да се направат уште многу тестови за да се потврдат резултатите од операцијата, за да се утврди дали навистина матичните клетки ги стимулирале промените, или се работи за плацебо ефект.

клеткиматичнимозоченпациентпопуларноудар