Од 1-5 ноември Д-р Џамбазова обави работен престој во Schulthess Klinik (Цирих- Швајцарија). Таа размени искуства со тимот за хирургија на рака (со посебен акцент на заболувања на палците на шаките – дегенеративни процеси на зглобовите).
На овој настан професори од Америка и Европа ги споделуваа своите искуства.
-Беа реализирани повеќе операции на шаки со примена на различни оперативни техники (артродеза, артроскопија, поставување протези-импланти, ресекциона артропластика).Стабилноста на карпо метакарпалниот зглоб на палецот зависи од 16 лигаменти. Почесто оштетување на овој зглоб се јавува кај жени (вистинските причини се уште не се знаат).Научните студии докажале дека зглобната површина на карпометакарпалниот зглоб на палецот е поголема кај мажите, изјави за samozdravje.mk д-р Синоличка Џамбазова од Клиниката за ортопедија.
Таа додава дека искуството покажало дека со примена на оперативната техника ресекционата артропластика (16% помалку компликации од другите оперативни техники). Артродеза како оперативна техника се применува кај стоматолози, мануелни работници (по оперативниот зафат за 2-4 недели се враќаат на работа).
Според д-р Џамбаова со секој изминат стручен престој и воспоставување нови мостови на пријателство во најсовремените клинички центри во светот,најголем бенефит имаат македонските пациенти пред се поради брзо и точно поставени дијагнози т.е.вистинско решение за проблемот на рацете.