Пивото е лек за несоница!

Научниците уште еднаш го потврдија тоа што сите го знаеме, дека хмељот многу помага против несоницата. Тоа подразбира дека и пивото, но во умерени количини и само кога има потреба.

Кога е во прашање пивото и подоброто спиење, науката се согласува со традицијата. Клиничките испитувања покажуваат дека хмељот го скратува времето кое е потребно да се заспие и го поправа квалитетот на сонот подобро од плацебо или некои таблети за спиење.

Од многу одамна хмељот се користи за лекување психички нарушувања, несоници и грчеви во стомакот. Сите кои имаат проблеми со несоница, треба да земат 300 до 600 мг билен препарат од хмељ една минута пред одење на спиење, а исто така, ќе помогне и мешавина која соодржи валеријана или пасифлор.

Меѓутоа, експертите предупредуваат, дека со оглед на тоа што хмељот во теорија може да го зголеми нивото на естроген, жените со рак на дојките би требало да го одбегнуваат.

лекнесоницапивоспиењехмељ