Зелката е силен диуретик, природен лаксатив, а благотворно дејствува и на чир на желудникот и на дванаесетпалачното црево. Покрај сето тоа, таа е вистински спасител кој ја ублажува хроничната кашлица, како и утринскиот мамурлак. Исто така, лицата кои консумираат два или повеќе пати неделно зелка, се тројно помалку подложени на ризик да заболат од рак на дебелото црево, за разлика од оние кои воопшто не ја јадат.
Сокот од зелка или расолницата особено се цени како лековит препарат. Расолницата од кисела зелка е народно средство за лекување на наглувоста како последица на воспаление на увото.
Во случај на наглувост се препорачува лековит рецепт за кој е потребна чиста мала памучна крпа или парче памук натопен во расол. Откако крпчето или памукот убаво ќе се натопи во расолницата треба да се стави во увото на болниот пред спиење. Доколку не е повредено тапанчето, слухот набрзо ќе се поправи.
Расолницата или сокот од киселата зелка, е исклучителен пијалак против тегобите во дигестивниот тракт или против отечените нозе. Расолницата во комбинација со сокот од морков или репка е одличен за сите луѓе со дијагностициран недостиг на калциум и за оние кои страдаат од остеопороза. Сокот од киселата зелка е, исто така, одличен пијалак за лицата со чир на желудникот или со воспаление на дебелото црево. Расолницата изобилува со витамин Ц и У кој има силно антивоспалително дејство.
Таа е одлично средство за побрзо закрепнување по мамурлакот кој настапува како резултат на бурната ноќ исполнета со алкохол.
Инаку, расолницата го снабдува организмот со натриум, ги чисти цревата и се користи како средство против запек. Освен тоа, комбинацијата на расолница и маслиново масло е добитна комбинација против камен во жолчката.