Петта жртва на грипот оваа сезона во Македонија

Грипот ја зеде и петтата жртва оваа сезона. 14 годишно девојче од Охрид не се избори со компликациите од вирусот и починала на Клиниката за Инфективни болести каде била хоспитализирана седум дена. Смртта била регистирана на 27ми минатиот месец, но здравствените власти информацијата ја објавија дури денеска. Девојчето имало и други заболувања.

-Имала церебрална парализа, една од оние хронични заболувања кај кои грипот дава потешка слика. Кај пациентката е регистриран АХ1, иамла масивна бронхопневмонија и по тешка битка со болеста, за жал починала, изјави Владимир Микиќ од ИЈЗ.

На одделот за интензивна нега на Инфективна и на КАРИЛ има уште десет пациенти кои се во критична состојба поради компликации од грипот. Епидемиолозите предупредуваат дека во ризик се сите кои се невакцинирани како и лицата со хронични заболувања.

-Очекуваме да имаме уште случаи кои можат да завршат фатално или во тешка состојба бидејќи оваа сезона грипот дава многу потешка клиничка слика, вели Микиќ.

Во болниците и клиниките се уште на сила се забраните за посета поради грипот и епидемијата со морбили. Минатата недела беа регистрирани најмногу грипосани, над 3000 и болни има во речиси сите градови во државата.

грипдевојчеепидемиолозизаболувањаијзинфективнасмрт