Петмина починати од опасен вирус кој се шири во Индија!

Најмалку пет лица загинаа на југот од Индија од вирусот Нипах, додека околу 100 лица се наоѓаат во карантин, соопштија денеска локалните власти во Индија.

„Можеме да ја потврдиме смртта на пет лица од вирусот Нипах, додека 94 кои биле во контакт со починатите се наоѓаат во карантин“, наведоа санитарните власти во Керали, на југот од Индија.

Девет лица се хоспитализирани поради симптоми што потсетуваат на инфекцијата на вирусот. Нипах се пренесува најчесто преку лилјаци и може да биде смртоносен во 70 проценти од случаите. За прв пат овој вирус бил идентификуван во 1998 дгоина во Малезија на поздрачјето Нипах.

СЗО соопшти дека претходно вирусот го пренесувале животни, но и луѓе. Симптомите се треска, главоболка и поспаност пропатена со дезориентација и ментална конфузија. Засега не постои вакцина против овој вирус.

вирусиндијаопасенпопуларносмртоносен