Пет знаци за опасна бенка

Меланомот е еден од наjoпacните видови канцep

Секогаш имајте на ум дека меланомот е еден од најопасните видови канцер, кој се развива прилично брзо. Поради тоа, важно е да знаете да ги разликувате опасните бенки што може да се претворат во меланом.

Асиметрија: Ако бенката е асиметрична, односно има неправилна форма и неправилни рабови, тогаш одете на лекар.

Заматена граница: Границата на бенката е матна и нејасна. Не можете јасно да ги исцртате границите на бенката.

Боја: Нормалната бенка има еднаква боја, најчесто кафеава. Ако вашата бенка има чудна боја, веднаш посетете дерматолог. Бојата на меланомот може да биде различна: сина, темнокафеава, бела, па дури и неколку бои одеднаш. Уште полошо е ако околу меланомот се појави црвенило или поинаква боја од онаа на кожата.

Димензии: Нормалната бенка не е поголема од половина сантиметар. Меѓутоа, не е секоја поголема бенка меланом. Ако имате голема бенка, задолжително одете на лекар, за да не се сомневате.

Чувствителност: Ако чувствувате непријатност кога ќе ја допрете бенката, ако ве чеша или боли, тоа е знак на меланом.

Што да правите понатаму?
Ако воочите некоја од горенаведените промени на бенката, задолжително посетете лекар. Не паничете. Откривањето на меланомот во рана фаза е сосема излечиво. Според статистиката, меланомот во рана фаза е излечив во 98% од случаите.

Како да се заштитите од меланомот?
Прво прегледајте го телото и сите бенки. По 6 месеци повторно внимателно прегледајте го телото. Ако воочите каква било промена на бенките, одете на лекар.

Лекарот ќе предложи отстранување на критичните бенки: оние што се издвојуваат или оние што се во пределот на пазувите, половината, градите… Не ја одбивајте оваа процедура, бидејќи оваа постапка е безболна и не остава траги на кожата.

бенказнациопасна