Пет симптоми кои не смеете да ги игнорирате

Веднаш на лекар!

Повеќето болки и воспаленија не се знаци на сериозни состојби во организмот, но одредени симптоми треба да се проверат. Телото секогаш нè предупредува кога нешто не е во ред, а многу болести можат да се откријат уште во почетната фаза.

Еве кои симптоми не треба да се игнорираат:

1. Вртоглавица

Ако чувствувате вртоглавици тоа може да биде поврзано со проблеми со центарот за рамнотежа, варијација на крвниот притисок, но и поради анемија. Токму затоа треба да се направи испитување.

2. Проблеми со желудникот

Ова може да биде од различни причини, но доколку чувствувате болка тоа никако не треба да се игнорира. Особено ако се појават и други симптоми како покачена температура, повраќање или крвава столица.

3. Неизмерна жед

Ако постојано чувствувате жед тоа може да биде симптом на дијабетес тип 2, болест која долго може да биде скриена. Постојаната жед постои поради губење течности поради честото уринирање кога нивото на шеќер во крвта е значително покачен.

4. Напади на нервоза

Кај постарите луѓе тоа може да биде симптом на срцев удар. Тоа не е вообичаен симптом како болки во градите кои се шират кон вратот и рамената, попратен со мачнина. Но, медицинската статистика покажува дека кај жените пред инфаркт често се појавуваат напади на нервоза.

5. Болки во долниот дел од нозете

Ако не е последица од предолго стоење или напорно одење во неудобни чевли, болките во потколениците можат да укажат на длабока венска тромбоза. Тромбот може да се познае по црвенилото и отокот, но и не мора да биде очигледен.

5лекарсимптоми