Пет едноставни начини да се храните поздраво!

За вашето здравје се работи

Ако се обидувате да направите нешто добро за себе, немојте веднаш да си поставувате превисоки цели. Кога себеси ќе си поставиме задача која се граничи со невозможното, како што е на пример, целосна промена на начинот на исхрана, вежбање, па и поглед на свет, практично преку ноќ, малку е веројатно дека ќе успеете во таа намера.

Знаете на што мислиме, се сеќавате колку пати сте си рекле себеси „готово е, од понеделник нема веќе ни да лизнам благо, тесто, млеко,..“? А веројатно се сеќавате и колку пати не сте издржале?

Зарем не би било подобро наместо тоа, да „победите“? Можете, дури не е ни тешко. Важно е само да го смените пристапот. Фокусирајте се на она што би требало да го воведете во својата исхрана, наместо на она што би требало да го исфрлите. Еве неколку идеи:

Појадувајте житарки со висока содржина на влакна. Повеќето возрасни лица во текот на денот внесуваат само половина од потребната количина влакна. А влакната се многу корисни, го снижуваат холестеролот, го подобруваат варењето, а и брзо не заситуваат, такашто е помала веројатноста дека ќе се прејадете. Кога одбирате житарки, гледајте по порција да имаат помеѓу три и пет грама влакна. И нека бидат интегрални.

Овошјето нека ви биде „при рака“.

Чинијата со овошје треба да има „почесно место“ во вашата кујна, а другото овошје, како крушите и јаболката измијте ги веднаш пред да ги ставите на видно место. Поголема е веројатноста дека ќе го изедете овошјето на минување ако ви е „на око“ и ако е измиено, такашто мрзата нема да ве спречи во намерата да се храните поздраво. Ако воведете правило секој ден да изедете порција овошје, ќе внесувате повеќе витамини, здрави влакна и важни нутриенти кои ќе го зајакнат вашиот имунитет.

Одбирајте зеленчук кој брзо и лесно се приготвува. Ако сте „почетник“ во здравата исхрана, добар избор се и замрзнатите полу-готови опции: грашок, брокули. Боранија…Се приготвуваат брзо, а ги внесувате сите потребни нутриенти.

Одредете еден ден во неделата кога ќе јадете риба.

Ако не сте сигурни како да ја приготвите, ако немате време или ве мрзи, и замрзнатите филети ослиќ или нешто слично, се добар прв чекор. Ќе ви се допадне па веројатно набрзо ќе се осмелите и да „експериментирате“ и да ипробувате нови рецепти. Но рибата секогаш правете ја во рерна, врз хартија за печење такашто ќе додадете само капка-две маслиново масло.

И на крајот, нејзиното височество водата! Знаете веќе, водата е најдобриот напиток.

здравоисхрананачинипет