Заедничкиот живот подразбира да споделувате се – креветот, чиниите, вилушките, телевизорот, тоалетот… Но и некои други нешта…
Имено, според најново истражување, во кое учествувале десет хетеросексуални двојки, момчињата и девојките делат и огромен број исти микроби. Изразено во бројки, момчето и девојката кои се во љубовна врска и живеат заедно, просечно имаат 86 отсто идентични бактерии кај себе, наведува „Њујорк Тајмс“.
Деловите од телото каде тоа е „најзастапено“, се стапалата и рацете, оти тие постојано се во допир со голем простор од нашето место на живеење. Потоа следуваат лицето, посебно образите и устата, па интимните делови…
Следува слично истражување и за хомосексуални двојки.
Целта е да се унапреди превенцијата од пренесување штетни бактерии и болести.