Овошје што влијае позитивно на кожата

Неколку типови на овошје кои се хранливи и добри за здравјето, но и за косата

Тоа што навистина влијае во убавиот изглед е токму начинот на исхрана и колку во него го вметнувате овошјето. Бидејќи претстои дел од сезоната во кој овошјето е на располагање во големи количини, ние ќе ви понудиме неколку типови на овошје кои не само што се хранливи и добри за здравјето, туку се и неопходни за негувана кожа.

Јаболката е еликсир во борбата против акните. Препорачливо е во гелот за туширање да вметнете неколку лажици свежо исцеден сок од јаболка и резултатите ќе ги приметите уште при првото туширање.

Авокадото е одличен избор за сите оние кои имаат сува кожа. Искористете ја густата смеса и нанесете ја на критичните делови од телото, оставете ја неколку минути и измијте се со млака вода.

Бананите се одлично средство за чистење, затегнување и хидратација на кожата. Добро би било еднаш неделно да правите маска за лице од банана, која ќе ја оставите да се исуши на вашето лице и потоа полека ќе ги отстраните остатоците со вода. На крај ставете крема за лице.

Праската е препорачлива за добивање сјај на кожата. Искористете го внатрешниот дел од кората и полека со кружни движења правете масажа на лицето.  По завршувањето на масажата ќе добиете сјајна и затегната кожа.

Лимонот е познат по чистењето на кожата. Особено се препорачува да го користите сокот од лимон за детално чистење на лицето доколку секојдневно користите шминка за лицето.

 

добрикосаовошје