Овошје кое не дебелее и смирува изгореници и убод од инсекти

Дињата содржи 95 отсто вода, низок процент на шеќер и одличен вкус и мирис.

Дињата е исклучително богата со витамини и минерали. Содржи голем процент на витамините Ц и Б, бета каротен како и калциум, магнезиум, фосфор, железо и бакар.

Дињата содржи 3 пати повеќе калиум од лубеницата. Сокот од дињата ја стимулира работата на бубрезите, го регулира крвниот притисок, а високото ниво на влакна го помага варењето.

Дињата можете да ја јадете и во поголема количина, а ова се причините поради кои треба да се консумира што почесто: Ова овошје е идеално за детоксикација на организмот и при надуеност. Содржи 300 милиграми калиум на 100 грама плод и му помага на телото да се ослободи од вишокот натриум, а со тоа го намалува високиот крвен притисок.

Сокот од диња порано се користел за ублажување на болки, со тоа што болното место се мачка со сок од цедена или ситно исецкана диња.

Ги смирува изгорениците и убодите од инсекти

Парче ладна диња ги смирува изгорениците како и убодите од инсекти. Во народната медицина, ова овошје се користи за освежување и смирување, како и за проблеми со камен во бубрезите и болести на желудникот и цревата.

Дињата не дебелее, па затоа е идеален оброк ако сакате да ослабнете.