Хидратацијата е важна особено во лето. Поради потењето на телото му се неопходни течности. Водата е најдобар пијалок но некои видови храна се подобри од вода, бидејќи помагаат во одржување на соодветна рамнотежа на електролитите и правилно функционирање на телото.
Краставица
Таа содржи висок процент на вода и витамин Ц. Во 100 грама краставица има само 16 калории, што ја прави одличен избор за топли денови бидејќи освежува, ги обезбедува потребните хранливи материи а во исто време и овозможува да не ја надминете препорачаната дневна доза калории.
Патлиџан
Патлиџанот го содржи токму она што ви треба – многу вода и растителни влакна. Патлиџанот е исто така одличен извор на антиоксиданси, кои ќе помогнат во намалување на оштетувањата на кожата во текот на експозицијата на УВ зрачење.
Тиквички
Тие се 95% вода, и се еден од најдобрите производи кога станува збор за хидратација. Тиквичките исто така содржат многу малку калории, многу диететски влакна и се одличен извор на фолна киселина, витамини А и Ц