Овој зеленчук е превенција за срцев удар!

Иако може да предизвика проблем заради непријатната миризба што ја создава, треба да се знае дека црвениот кромид е исклучително благотворен за здравјето, а особено лековито делува на срцето, односно на целиот кардиоваскуларен систем.

Се покажало дека неговите таканаречени сулфурни соединенија можат да ја намалат количината на холестерол и на триглицериди и да ги зајакнат клеточните мембрани во црвените крвни зрнца. Заради тие карактеристики кромидот помага во превенцијата од срцев удар.

Студиите покажале дека кромидот може да ја подобри и густината на коските, па заради тоа е посебно корисно да го користат жените во менопауза кои се соочуваат со губење на густината на коските. Покрај тоа се покажало дека и жените кои ја минале менопаузата можат да го намалат ризикот од прелом на колкот ако секојдневно консумираат кромид.

Исто така, потврдено е дека кромидот има противвоспалително дејство. Сулфурните молекули ја подобруваат активноста на специфичните бели крвни зрнца кои имаат важна улога во системот за имунитет. Овој вид на зеленчук содржи и антиоксиданси кои ја спречуваат оксидацијата на масните киселини во телото, па на тој начин се одржува под контрола степенот на воспаление.

Студиите покажале дека кромидот го намалува и ризикот од неколку вида на рак, па дури и кога се консумира во помали количини. Може да го намали ризикот од појава на канцер на дебело црево и јајници.

Останати добри ефекти:

-ја подобрува рамнотежата на шеќер во крвта

– ги спречува бактериските инфекции

– содржи витамини Ц, А и Е кои се многу добри антиоксиданси.

болестизеленчуккромидпревенцијасрце