Овој зачин влијае врз нивоата на шеќерот во крвта, спречува воспаленија, ја подобрува работата на мозокот

Еден од зачините кои ги обожаваме, циметот, има навистина моќно дејство за нашето здравје, освен што дава одличен вкус на храната и на пијалоците.

Самиот цимет доаѓа од кората на истоименото дрво. Освен што е вистинска ризница на антиоксиданти, поволно влијае и врз нивоата на шеќерот во крвта, спречува воспаленија, ја подобрува работата на мозокот.

Доволно е еден прстофат цимет да додадете во кафето или во чајот, а по кратко време ќе забележите дека сте посконцентрирани и имате подобро памтење.

Циметот исто така е и неизоставен дел при превенцијата од хеликобактер пилори и ешерихија коли. Со редовно консумирање, спречувате непријатни мириси на телото, но и придонесувате за забрзување на метаболизмот.

Забележано е и дека го подобрува делувањето на инсулинот, па во консултација со лекар, можете секојдневно да го применувате ако имате проблеми со шеќерот во крвта.

зачин