Овој зачин помага да ослабнете побргу!

Научниците од Институтот за медицински науки во Иран “Shahid Sadoughi” откриле дека оние кои секој ден ќе изедат лажичка мелен ким губат од тежината дури три пати побрзо од луѓето кои се на диета, но не го консумираат тој зачин.

Во истражувањето учествувале 88 жени со прекумерна тежина. Сите тие во текот на истражувањето го намалиле дневното внесување на калории за 50 и ги следеле советите за здрава исхрана.

Меѓутоа, половината испитанички секојдневно консумирале 3 грама ким во прав помешан во немрсен и незаблажен јогурт.

После три месеци, групата која консумирала ким слабеела побрзо. Во просек изгубиле 1,5 килограм повеќе од жените кои не консумирале ким. Освен тоа, им биле намалени и мастите во телото за 14 отсто.

Кимот им помогнал значително да се намали нивото на лошиот холестерол. Научниците го објаснуваат ова со тоа што кимот содржи изобилство од фитосфероли кои имаат способност за апсорпција на холестеролот, а содржи и материи кои го забрзуваат метаболизмот

зачинкилограмикимслабеење