Диетата позната како утринска банана е неверојатно едноставна и лесна за спроведување.
Одговорот зошто оваа диета толку добро „работи“ лежи во фактот дека бананите го поттикнуваат варењето и го забрзуваат метаболизмот.
Втората позитивна работа е тоа што бананата е богата со еден вид на скроб кој има низок гликемиски индекс, долго се вари, дава чувство на ситост и делумно ја блокира апсорпцијата на јаглехидрати.
Лицата кои ќе се одлучат за оваа диета се советуваат да вечераат и пред 20 часот, како и да го избегнуваат десертот по вечерата.
Забранети намирници се и млечните производи и алкохолот. Плус, бананите мора да бидат свежи, не печени или замрзнати.
Пример за дневно мени:
Појадок
1 или повеќе банани (додека не се почувствувате сити)
Чаша млака вода
Ручек
Оброк по избор со многу свежи салати
Попладневна лесна ужина
Слатки грицки се дозволени до 15 часот, во случај на глад
Вечера (мора да биде пред 20 часот)
Оброк во кој ќе има многу зеленчук
Забранет десерт