Ако пушите цигари веќе неколку години, вашите белите дробови сигурно во голема мерка се оштетени поради отровот кој со текот на времето се собира. Затоа важно е од време на време да ги исчистите.
Благодарение на комбинацијата од куркума, ѓумбир и лук, храна која ослободува токсини од телото, овој пијалак се покажа како многу ефикасен во чистењето на белите дробови.
Во продолжение ви откриваме како да го подготвите!
Состојки:
Литар вода
Две лажици куркума
400 грама шеќер
Корен ѓумбир
400 грама бел лук
Подготовка:
Во сад ставете вода и шеќер и ставете го на оган се додека не зоврие. Кога ќе зоврие, додадете ги куркумата, ѓумбирот и лукот.
Измешајте ги состојките, тргнете од оган и почекајте да се олади.
Напомена:
Подготвениот пијалак чувајте го цело време во фрижидер. Смесата треба да ја земате два пати на ден, најидеално би било две лажици наутро на празен стомак и навечер пред спиење.
Лековитоста на куркумата
Богата е со витамини B6, B3, фолна киселина, калиум, железо, манган, а се смета и за добар извор на влакна.
Докажано е дека билката куркума има благотворно дејство во случај на рак, затоа што го спречува растот и формирањето на туморот. Потврдено е дека е одличен природен чистач на белите дробови и го спречува настанувањето на меланом.
Поволно и благотворно делува кај Алцхајмеровата болест, а најдобри резултати постигнува кај ревматските заболувања.