Овој напиток може да спречи мозочен удар!

При изборот на здрав пијалок за расонување некои се одлучуваат за кафе, а други за зелен чај, всушност најдобро е кога се комбинираат двете состојки сметаат јапонските научници од Националниот церебрален и кардиоваскуларен центар.
Тие набљудувале навики во исхраната на повеќе од 84.000 јапонски граѓани на возраст од 45 до 74 година цели 13 години. Притоа откриле дека едно кафе на ден го намалува ризикот од срцев и мозочен удар за 20 отсто, а и четири чаши зелен чај имаат слични ефекти. Сепак, со најнизок ризик од мозочен удар биле оние испитаници кои секојдневно комбинирале црно кафе и зелен чај, затоа што тогаш се истакнуваат придобивките од овие здрави пијалаци, пишува Дејли маил.

– Ова е првата голема студија која ги потврдува комбинираните ефекти од зелен чај и кафе на превенцијата од мозочен удар – вели авторот на студијата д-р Јошихиро Кокубо.

Тој додава дека идеална количина е едно кафе и четири чаши зелен чај на ден, но и две чаши чај и кафе значително ќе го намалат ризикот од згрутчување на крвта и мозочен удар.

зелен чајкафемозочен ударстудија