Азуки гравот е ситен, компактен и со темноцрвена боја. Тој во кулинарството се употребува многу одамна. Азуки гравот поволно влијае на работата на гастроинтестиналниот тракт.
Тој ја подобрува работата на панкреасот и ја забрзува циркулацијата.
Како и повеќето мешунки овој грав е богат со нерастворливи растителни влакна кои го помагаат празнењето на цревата и елиминацијата на токсини од телото. Азуки гравот може да помогне и во намалување на холестеролот и побрзото губење на килограмите.
Азуки гравот е богат со калиум и затоа е извонреден диуретик кој помага за исфрлање на отпади, токсини и вишокот на вода од телото преку уринарниот тракт. Исто така, извонредно се обидува да го активира производството на важниот ензим на црниот дроб сулфитна оксидаза како би ја поттикнал функционалноста на органот за излачување од телото и помага за снижување на крвниот притисок и ја подобрува циркулацијата.
Освен калиум, богат е и со молибден кој помага за детоксикација на телото. Конечно, азуки гравот содржи и многу влакна, неопходни за одржување на функцијата на цревата и одложување на отпадните материи. Богат е со витамини Б1, Б2, Б3 и Б6, натриум, калиум, фосфор.
На кои органи азуки гравот има најголемо влијание?
На бубрезите, црниот дроб, коските, мозокот, имунолошкиот систем.
Како да се користи?
Пред варењето, како и повеќето мешунки, треба да кисне во вода 8 до 10 часа.
Потоа можете да го користите за збогатување на супите, варивата, но и за ладни салати.
Интересно е тоа што со оглед на неговиот сладникав вкус во Јапонија го користат и за приготвување на мармалади.