Овој фластер свети кога има инфекција!

Овој фластер е произведен со цел навреме да се открие инфекција. Фластерот свети под УВ светлина кога ќе детектира инфекција под раната и на тој начин упатува предупредување за присуство на болест. Новиот таканаречен „чудесен фластер“ го создале тим британски научници.
Фластерот дејствува на тој начин што ослободува боја од нанокапсули, кои го активираат присуството на бактерии кои предизвикуваат некоја болест.

Синдромот на токсичен шок може да биде многу ненадеен и сосема обична рана да ја претвори во нешто евентуално фатално за само неколку часа. Од ова најзагрозени се децата.

Ваквата инфекција е многу честа кај жените кои користат тампони, но може да се предизвика и со убод од инсекти или со некое друго оштетување на кожата, кои им овозможуваат на бактериите да влезат во крвотокот.

Доколку присуството на бактерија кај пациентот се открие на време, може да се лекува со антибиотици. Но ако се открие доцна, или не се лекува, тогаш комбинацијата од шок и оштетување на органите може да доведе до смрт.

инфекцијаранасветењефластер