Овие вежби ја подобруваат плодноста кај мажите?

Околу еден час вежбање со кревање на тегови шест дена во неделата значително го зголемува нивото на спермата. Oва го презентирале научници од Универзитетот Харвард на годишната средба на Американското здружение за репродуктивна медицина . Тие анализирале сперма од 150 мажи од Kлиниката за плодност и откриле дека оние кои креваат тегови имаат до 48 проценти поголем број на сперматозоиди во споредба со мажите кои не вежбаат.
Сепак, истражувањето покажало дека не е се исто за каков вид на вежбање се работи. Џогирањето и возењето на велосипед немаат влијание врз плодноста. На научниците се уште не им е јасна причината зошто такво влијание има кревањето на тегови.
Меѓу другите промени во животниот стил , најголемо влијание врз плодноста е воведувањето на повеќе риба и морска храна во исхраната , спроведување на повеќе време во активности на отворено како градинарство. Алкохолот и цигарите не влијаат на плодноста, но само доколку се консумираат во умерени количини.

вежбањекревање теговиплодностсперма