Овие утрински навики ќе ви го подобрат здравјето!

Без разлика на времето на будење, постојат здрави навики што вреди да се воспостават, за поголема продуктивност и поздрав стил на живеење.

-Пиење вода – по 8-часовниот сон (во идеалниот случај), на телото му е потребна хидратација. Уште подобра опција е додавањето на сок од лимон во водата.

-Богат појадок – житарици, омлет, јогурт, овесни каши или протеински шејкови.

-Кратко вежбање – може да биде вежба од некое видео-упатство или едноставно истегнување на телото.

-Тивко време за себе – 10-15 минути мир пред да почне работниот ден, било да е тоа читање весник, туширање, пиење кафе или патување до работа со слушалки на уши и фина музика.

-Искажување љубов – на децата, партнерот, било кој од семејството, па дури и на домашното милениче.

-Читање – дури и 3-4 страници се доволни.

будењеживотздравјенавикиспиењестил