Загадениот воздух сите не загрижува, а лекарите апелираат да направиме сè што е потребно за да ги заштитиме нашите бели дробови.
Во продолжение ви откриваме 5 симптоми кои никако не смеете да ги игнорирате:
Болка во грбот и рамената
Иако се смета за редок симптом, болката во грбот, рамената па дури и градите може да биде показател на рана фаза на канцер кој, ако се дијагностицира навреме, може да се излекува. Ако станува збор за силна болка која трае подолго од вообичаеното или доколку имате сè почести болки во овие предели, задолжително јавете се кај вашиот матичен лекар.
Кашлица
Додека кашлицата вообичаено се поврзува со зимските настинки или хроничните проблеми со дишните органи како астма и бронхитис, важно е да знаете да ги разликувате различните видови кашлица. Акутната и субакутната кашлица може да биде знак за рак на бели дробови, особено кога е пропратена со уште некој симптом на болеста како што е искашлувањето крв.
Краток здив
Чувството на гушење односно недостаток на воздух најчесто се јавува кај пациентите кои имаат проблеми со астма и алергии. Доколку забележите дека во последно време имате отежнато дишење, докторите советуваат да престојувате што почесто во природа, како и да воведете некоја физичка активност.
Жолти белки и жолт тен
Овој симптом честопати се занемарува, но важно е да обрнете внимание бидејќи е јасен показател на дисфункција на црниот дроб, што може да се јави и во случаи на рак на белите дробови. Жолтите белки се уште еден показател на проблеми со дишните патишта.
Недостаток на енергија
Проблемите со спиењето и стресот можат да предизвикаат умор, но доколку премногу често чувствувате тотална исцрпеност, а притоа кашлате и имате намален апетит, можно е да се соочувате со подмолна болест. Затоа редовно правете анализи на вашето тело и навремено делувајте на секој појавен симптом.