Овие симптоми ќе ви покажат дека ви недостига калциум во организмот

Калциумот ни е потребен за телото правилно да функционира. Тој е важен минерал и има клучна улога во здравјето на коските, а кога имаме недостаток, тоа може да се манифестира со низа здравствени проблеми.

Калциумот е важен минерал кој што на сите ни е познат, затоа што

Тој е еден од најважните минерали, кој го има во млечните производи и темно зелениот зеленчук. Ако го земате преку суплементи, мора дополнително да земате и витамин Д за да може правилно да се апсорбира.

А ова се симптомите по кои ќе препознаете дека ви е потребен повеќе калциум:

Трнење на прстите

Трнењето на прстите на рацете и нозете е еден од првите знаци дека имате недостиг на калциум. Ако го забележите овој симптом, најверојатно треба да го внесувате калциумот во поголема количина преку храната, а во консултација со лекар може и да земете додаток во исхраната.

Имате грчеви

Честите грчеви се типични за луѓе со хипокалцемија. Нутриционистите препорачуваат да пиете по една чаша чоколадно млеко, особено ако грчевите се појавуваат за време на или после вежбање.

Постојана вртоглавица

Вртоглавиците, освен ако не се предизвикани од некоја посериозна болест, може да се последица на недостаток на калциум или железо. Направете крвна анализа за точно да знаете зошто ви се случува тоа.

Недостаток на енергија

Луѓето кои имаат недостаток на калциум често се уморни и летаргични. Имајте предвид дека внесот на калциум треба да биде распореден во неколку оброци дневно, а дека ако наеднаш земете поголема количина може да се почувствувате уште поуморно.

Коските ви се слаби

Симптомите на остеопороза се речиси невидливи додека проблемот не стане пресериозен. Затоа е важно да имате постојан внес на калциум, особено ако веќе сте на возраст над 40 години. Жените се посклони кон остеопороза во споредба со мажите.

Болки во грбот

Ако забележите дека ве боли грбот и дека имате чудно држење на телото, тогаш е време во вашата исхрана да вклучите чиа семе, сусам, сардина, лосос, бадеми, млечни производи, храна богата со калциум и темен зелен зеленчук.

Заборавеност

Заборавеноста не секогаш е резултат на лоша меморија. Всушност, лошата меморија често е директно поврзана со недостаток на минерали, особено на калциум.

Имате конвулзии

Конвулзиите и нападите може да бидат последица на силен недостаток на калциум. На поголем ризик се изложени луѓето кои страдаат од епилепсија.

Абнормални срцеви отчукувања

Неправилните отчукувања на срцето може да бидат знак дека веќе подлого време имате недостаток од калциум. Не заборавајте да земате и витамин Д, за негова побрза апсорпција и поефикасно делување.

калциумсимптоми